Редовен сервисен преглед

РЕДОВЕН СЕРВИСЕН ПРЕГЛЕД

Редовниот сервисен преглед е можност да добиете детална слика за состојбата на вашето возило. Почитувајте ги препораките за одржување и редовен преглед во Renault сервисот и така продолжете му го животниот век како и неговите перформанси.
МОТОРНО МАСЛО
Доколку не го менувате редовно моторното масло, одредени компоненти на моторот ги губат своите перформанси. Долгорочно тоа може да предизвика механички кварови. Со почитување на предвидените рокови го продолжувате животниот век и перформансите на вашиот автомобил. При секоја промена на масло Renault ќе ви понуди пакет на услуги прилагоден на вашиот автомобил.

КОЈ ЗНАЕ ПОДОБРО ОД RENAULT ДА ГО ОДРЖУВА ВАШЕТО RENAULT ВОЗИЛО?

-Техничари специјализирани за одржување и поправка на вашето возило. -Гаранција на производителот на резервни делови и работна рака и услуги. -Оригиналните Renault резервни делови се гаранција за квалитет и сигурност. -Електронско следење на сите зафати на возилото гарантираат зачувување на изворните карактеристики на вашиот Renault и добра продажна вредност на автомобилот.