ОТВОРЕН ЛИНК СО ВГРАДЕН СИСТЕМ НА GOOGLE

МУЛТИМЕДИЈА СО ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ НА GOOGLE: ВАШЕ ПОВРЗАНО ВОЗAЧКО ИСКУСТВО



Уживајте во навигација во реално време
Google Maps ви ја дава предноста на прецизна и сигурна навигација со ажурирања на податоци во реално време. Уживајте во приспособено искуство: зачувување на вашите омилени адреси, предлози за навигација итн. Специјалните функции на Google Maps за електрични возила во комбинација со Google Assistant ви овозможуваат да ја оптимизирате употребата на 100% електричното возило Megane E-Tech и безгрижно да стигнете до вашата дестинација .

*бесплатна услуга за 5 години Услугите не се достапни на македонски јазик.
Мала помош во автомобилот
Google Assistant ви помага без да ги користите рацете. Едноставно јавете се или испратете порака на пријател, прашајте за насоки, поставете потсетници, па дури и променете ја температурата во вашиот автомобил. Можете исто така да го користите вашиот глас за да контролирате компатибилни паметни домашни уреди. За да започнете, само кажете „„Ok Google““ или притиснете го копчето за гласовна контрола на контролерот. 

*бесплатна услуга 5 години. Услугата не е достапна на македонски јазик.
Пристапете до вашите омилени апликации
Amazon Music, Easy Park, Radio Player, итн. Вашите омилени апликации се веќе интегрирани на екранот на системот openR на 100% електричното возило Megane E-Tech. Пуштете ја омилената музика, слушајте аудио книги и подкасти и користете ги омилените апликации додека патувате. Апликациите ќе се додаваат со текот на времето. Не треба да правите ништо: редовните ажурирања се автоматски.

*пробна понуда од 3 GB (важи 6 месеци)
Уживајте во приспособено искуство
Системот со текот на времето се прилагодува на вашите навики и преференции за да ја подобри навигацијата и да предложи соодветни активности.

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ВОЗИЛОТО MEGANE E-TECH 100% ЕЛЕКТРИЧЕН

Фотографиите на веб-страницата www.renault.mk се симболични и служат исклучиво за информативни цели. Сите податоци и информации наведени на веб-страницата и во документите се привремени и предмет на промена. Го задржуваме правото за настанатите грешки во текстот.

Поради последиците од глобалниот недостиг на полупроводници, некои елементи на опремата прикажани на веб-страницата и во брошурата моментално не се достапни. Ова вклучува, меѓу другото, информативен дисплеј од 10 инчи со инструменти и дисплеј за навигација, безжично полнење на паметни телефони, итен повик и поврзана навигација. Во сегашните услови, тешко е да се предвиди достапноста на специфичните елементи на опремата, кои можеби не можат да се добијат во конкретниот случај поради глобалниот недостиг на полупроводници. За најнови информации обратете се до најблискиот овластен застапник.