Сè што е во вашиот Megane Sedan е дизајнирано со цел да Ви понуди персонализирано секојдневно искуство, погодно за корисниците.
10,2 ”екран за прилагодување на возачот
Иновативните одлики на вашиот прилагодлив екран од 10,2 " кои Ви помагаат лесно да маневрирате со вашиот нов MEGANE Grandcoupé. GPS навигација, технологија, системи за помош на возачот итн.
панорамски стаклен кров
Нека има светлина! Одберете една од три позиции на отворање и осветлете ги вашите патувања и тоа со идеална количина на светлина.
електрични седишта
Уживајте во уште поголема удобност! Масажа, модуларен распоред, адаптивно позиционирање и многу повеќе. Лесно прилагодете го седиштето според вашите потреби.
автоматско отворање на багажникот
Вашите раце се зафатени? Отворете го багажникот на вашиот Megane Sedan со едноставно поставување на вашето стапало под задниот браник.
hands-free картичка
Нема потреба од "борба" за да успеете да ги пронајдете клучевите од вашиот автомобил! Со "hands-free" картичката, едноставно повлечете ја вратата на вашиот Megane Sedan за да го отклучите и да го стартувате вашето возило.
Renault CONNECT
ПАТУВАЈТЕ ПОВРЗАНИ
Додадете возбуда во вашите патувања, имајте пристап до целиот мултимедијален универзум, преку вашето возило.
Renault Connect ги собира сите конектирани услуги што ги нудат Renault и неговите партнери. Истите, пронајдете ги на вашиот мултимедијален систем или преку вашиот паметен телефон преку апликацијата MY Renault.
Со својот голем централен екран од 9,3 ", екран на допир кoj Ви овозможува да ги контролирате функциите на возилото, мултимедија, навигација, пребарување адреси на Google, телефонски контакти и други системи за помош на возачот.
Започнете да уживате во функциите на Android Auto ™ и Apple CarPlay right преку EASY линк.
Renault EASY DRIVE
НАПРАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ПАТУВАЊА МНОГУ ПОЕДНОСТАВНИ
Седнете и уживајте во возењето! Нашите системи за помош на возачот помагаат да се поедностават вашите маневри со тоа и да Ви се олесни секојдневниот живот.
Stop & Go, адаптивна контрола на патувањето
Поставете ја вашата максимална брзина користејќи ги контролите на управувачот, кои Ви помагаат да ги прилагодите поставките за само еден миг.
Easy Park Assist, асистенција за едноставно паркирање
За да обожавате паралелното паркирање! Системот го мери просторот и ја дефинира траекторијата: препуштете му нему лесно да се паркира.
Heads-up екран
Не го поместувајте вашиот поглед од патот! Брзина, навигација, системи за помош на возачот… Добијте ги сите информации за вашето возење благодарение на високо-резолуцискиот, склоплив дисплеј сместен над контролната табла.
БЕЗБЕДНОСТ
Уживајте во релаксиранo возење
Бидете чекор напред со нашите технологии, дизајнирани со цел да ве заштитат во текот на вашето патување.
предупредување за излегување од сообраќајната лента
Со брзина над 70 км/ч, системот ве предупредува и ја коригира вашата траекторија доколку вашето возило ја преминува сообраќајната лента без претходна употреба на индикаторот.
активен систем за сопирање во итни случаи (AEBS)
Ненадејно итно сопирање, пешак што поминува на патот... системот го следи сообраќајот и останатите опасности околу, со цел да ве предупреди, па дури и може автоматски да изврши итно запирање.
предупредување за „мртов агол“
Кога има возило поставено на "мртов агол" од вашиот Megane Sedan, ќе Ве предупреди предупредувачко светло поставено на секое од ретровизорите.