Renault CLIO Grandtour

Карактеристики

Почувствувај ги иновациите

Доживејте ги иновациите

Совршен за паркирање

Паркирајте се без мака. Со функцијата Easy Park Assist имате 360* поддршка и превземање на контрола врз управувачот и паркирање на најоптимален начин.

Управувајте безгрижно

Со сензори поставени напред, од страна и назад како и камера за возење наназад, новиот Renault CLIO Grandtour го прави паркирањето  детска игра.

Уживајте со неговата hands free картичка

Новиот Renault CLIO Grandtour се отвора, затвора и стартува автоматски. Доволно е само hands-free картичката да е со вас.

Почувствувајте ја целата технологија

Доживејте сеопфатна технологија

Музичко доживување со Bose озвучување

Со 7 звучници со висока резолуција Bose, идеално распоредени во кабината на новиот Bose Renault Clio Grandtour ви ги открива сите нијанси на вашата музика.

Поврзување преку интегрираниот таблет на допир


R-LINK или Media Nav Evolution. Навигација, радио, музика, телефон... Нашиот 7 инчен таблет чуствителен на  допир овозможува комуникација со многубројните мултимедијални апликации.

Поврзете го вашиот паметен телефон со R&Go

Со апликацијата за мобилен телефон R&Go, новиот Renault CLIO Grandtour ви овозможува да патувате во вашата сопствена мултимедијална вселена преку вашиот паметен телефон.

Повторно откријте ја удобноста

Задоволство во возењето

Модерни и удобни облоги

Новиот Renault CLIO Grandtour го опремивме со навлаки без конкуренција. Хармонија на бои и материјали во внатрешноста, а двојно густата пена овозможува идеална удобност и потпора на целото тело.

Сензори за дожд и светло

Светлата на новиот Renault CLIO Grandtour се палат во случај на намалена видливост, а бришачите со првите дождовни капки.

Електронски ретровизори со функција за склопување

Паркирајте безгрижно. Кога ќе го заклучите вашето Renault CLIO Grandtour, неговите ретровизори се склопуваат автоматски.

Практичен во секојдневниот живот

Направете го секојдневното живеење поедноставно

Внесете промена во вашето возило

Со преклопени задни седишта во однос 1/3-2/3 и совозачкото преклопено седиште во новиот Renault CLIO Grandtour може да се превезуваат предмети долги до 2,48м. Даските за сурфање или комоди никoгаш не биле поудобно сместени.

Искористете го неговиот XXL багажник

Компактниот Renault CLIO  Grandtour имаат багажен простор не помал од 443dm3 . Сосема доволно, во багажникот не мора да ги дигате предметите, туку само да ги лизгате. Многу е практичен бидејќи лесно може да се прилагоди и стaне покомфорен.

Простoр за складирање за целото семејство

Новиот Renault CLIO Grandtour нуди многубројни повеќенаменски катчиња  како што е онаа за ракавици во вратата.Секој член на семејството има свое место за складирање во предниот и задниот дел  на возилото.


Откријте ја безбедноста во возењето

Возете безгрижно

Ненадејна пречка на патот?

Со функцијата за помош при нагло сопирање, подобрено е сопирањето со самото притиснување на педалата. Во такви итни случаеви патот на сопирање е намален.

Стартување по нагорнина?

Притиснете на сопирачката кога возите по нагорнина 2 минути, сосема доволно да тргнете мирно.

Губење на допир со патот?

Динамичка контрола (ES) го одржува новиот Renault CLIO Grandtour стабилен на патот.

Прикажете го вашиот спортски дух

Renault CLIO Grandtour GT Line

Привлекува внимание

Посебен преден браник, капаци на ретровизорите, праговите на вратите, фелни и задни дифузери...Со неговите хармонични елементи во боја Gris Dark Metal, новиот Renault CLIO Grandtour Line го привлекува вниманието каде и да се појави.

Чувствата ви се будат со неговиот спортски дизајн

Новиот Renault CLIO Grandtour GT Line ве вовлекува во светот на спортот. Страничните украсни лајсни позајмени од новиот Renault CLIO R.S. специфичен заден дифузер, ексклузивни 16 или 17 инчни фелни, хромирана издувна цевка; нашите дизајнери се потрудија да му дадат натпреварувачки лик.

Изберете мотор

Новото Renault CLIO Grandtour GT Line e достапен со најефикасен мотор од гама мотори на Renault CLIO. Изберете перформанси и секој ден бидете зад воланот на семејниот градски автомобил со спортски дух.

Цени и спецификации


Дали сте подготвени да ве заведе CLIO Grandtour?